Од васУбави муабети
Само еден бакнеж…и ништо не е важно…
Се прашувам дали веќе знаеш колку си длабоко под кожава?
Ти си како мало дете што сака да си игра со кибрит, а јас…Јас имам тело од хартија. Само еден допир и пламен ќе ја зафати душава..
Само еден збор и светот ќе се преврти и измести.
Само еден бакнеж…и ништо не е важно.
Се прашувам дали знаеш дека твоите чекори создаваат ехо во моите мисли?
И дека таа твоја заразно прекрасна насмевка ме оживува…
Се прашувам дали знаеш колку си под кожава?
А знаеш.
Не мора да прашуваш…некаде длабоко во себе, чувствуваш.
Маја Спасовска
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk