Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Јелена Спенџарска

Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува позитивната Јелена која преку малите екрани секојдневно шири позитив! 

Денот секогаш, ама секогаш ми започнува со музика. Пред една година сосема случајно открив една канадска интернет радио станица на која ми ги пуштаат сите омилени хитови и мислам дека не можам да живеам без неа . Така ме буди добра музика уште во 8 сабајле, што дури кафето ми е во втор план 🙂 Јас сум многу голем freestyler и никогаш не се водам според некаков рецепт, па дури ни за готвење хаххаха. За мене секој ден е убав ден. И нешто лошо да ми се случи, веќе сум во фаза во животот кога на се гледам како добра лекција. Ок, Јелена,ова беше погрешно, не требаше така, оди поправи го, разговарај со некој, разгледај ги сите опции, извини се ако треба, само поправи го. И така…..Се во животот е толку многу едноставно, ние сме тие што самите си ги комплицираме работите и моја среќа што одамна го сфатив тоа. Станувам и си мислам што најдобро за себе да направам денеска, оти кога мене ми е убаво, воопшто не го штедам убавото расположение и го пренесувам на сите околу мене. Тоа би бил еден мал совет од мене до сите ваши читатели, сакајте се себеси најмногу, не го чекајте тоа од друг. Во вас има таква моќ и таква љубов која може чуда да направи, само тргнете ги границите од вашиот ум. Се е толку многу лесно и верувајте не го кажувам ова само дека треба да напишам овде нешто убаво. Зборувам од искуство. Не губете време давајќи си лажна надеж дека нешто да се промени . Без разлика дали имате 17 или 35 години, никој не е вреден да страдате. Продолжете си со животот,оставете некои луѓе зад вас, одете пронајдете се себеси,светот е ваш, животот си тече…..

 

Поврзани статии

Back to top button