Рецепт за убав ден на Снеже Велков
ТВ водителката и пилатес инструкторката Снеже Велков се дружи денес со вас во рубриката “Рецепт за убав ден”.
Мојот рецепт за успешен де се вика: ПО УТРОТО ДЕНОТ СЕ ПОЗНАВА! Денот ми започнува со добро завршена работа наутро,која цел ден ме одржува мотивирана и инспирирана. Добро завршената работа за мене се извозени од 16 до 20 км со велосипед или добро извежбани час и половина. Генерално се се случува додека сите други спијат значи некаде почнувма од 6 а завршувам во 8 наутро. Имам уште нешто што ми прави топ буст на умот наутро додека тренирам -слушање мотивациони говории, инспиративни аудио книги или приказни за успешни луѓе. Потоа следува малку мир, тишина гледање во празно и пиење кафе. Важна ми е утриската тишина за да си ги слушнам мислите во главата и да си одредам приоритетите, едноставно невозможно ми е во текот на денот да најдам таква тишина за тоа и комплетно сум согласна со изреката ПО УТРОТО ДЕНОТ СЕ ПОЗНАВА! Утрата се магични- препорачувам да ги консумирате сами. И ако мене ме прашувате, станувањето на лева нога е ваша одлука а не ваша судбина. БЛЕСКАЈТЕ!