Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Ерина Богоева

Во рубриката “Рецепт за убав ден” денеска со вас се дружи Ерина Богоева. Таа е креативна, талентирана и успешна, за повеќето од вас позната како Poison Grl. 

Како и во секој рецепт, така и во рецептот за убав ден важно е да има баланс помеѓу состојките.
За мене убав ден е кога имам време да си посветам на себе по будењето. Да се расонам убаво и да го раздвижам телото. Потоа дел од денот ми одзема секако работата но, кога го работиш тоа што го сакаш, тогаш времето брзо лета. Многу уживам во целосниот процес на фотографирање и стварање уметност, така што денот ми е убав ако имам работа.
За крај на убавиот ден сакам да одвојам време за луѓето кои ги сакам. Без разлика дали е тоа време поминато со филм во добро друштво, или излезени надвор некаде со повеќе луѓе, таа социјализација ми е многу важна.
Со вака избалансирани состојки, рецептот за убав ден секогаш ми излегува совршено.
Но, убавината се наоѓа и во малите нешта на денот. Па така некоја фина порака од другар/ка, убаво јадење или музиката што ја сакам, даваат одлични нијанси во денот.

Поврзани статии

Back to top button