Рецепт за убав денУбави луѓе
Рецепт за убав ден на Валери Димовска
Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува девојката која вчера заблеска на евровизиската сцена!
Го сакам мирисот на утринско кафе, обично го пијам првото кафе со мајка ми, слушам музика, свирам на гитара и пишувам песни. Ме исполнува исто кога цртам, тогаш се чувствувам спокојно, сакам секогаш денот да ми биде исполнет со креативност. Понекогаш наоѓам време и за некоја партија Дота 🙂 Обожавам да се дружам со природата, обично тоа го правиме со моите пријатели и моето куче Тото. За денот да ми биде уште поубав излегувам и се дружам со пријателите во добро познатиот “Паб” во Велес.