Рецепт за убав ден на Борис Цветановски – Ris Flower
Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува уникатниот и талентиран музичар Борис Цветановски кој го знаете под псевдонимот Ris Flower.
Не сум човек кој живее по книга и прати некоја строга, рестриктивна рутина. Се трудам да функционирам толку интуитивно колку што ми дозволува брзото време во кое живееме, па токму заради тоа сите денови ми се со мошне различно темпо. Тежнеам кон исполнување на своите цели, балансирам помеѓу продуктивност и одмор; музика и работа; пријатели и време за себе – и така некако го креирам својот сопствен уникатен рецепт за убав, дури совршен ден. Состојките во рецептот ми се важни, но редоследот и количината- не. Есенцијално ми е присуството на музика, спорт, дружба со драги луѓе, здрава храна. Уживам во секој ден и се трудам да го извлечам максимумот од секој момент. Сакам да гледам на животот низ призма на авантура, преплетена со луѓе-сопатници и секојдневни предизвици. За крај, факт е дека рецептот не секогаш се исполнува така како што сме го замилисле, меѓутоа наше е да одбереме каде и како ќе ја насочиме енергијата и на што и колку ќе придадеме значење.