Рецепт за убав ден на Ана Ристова
Денешниот рецепт за убав ден го споделува талентираната мејкап артистка Ана, девојката која комбинира уникатни модни комбинации и го разубавува Инстаграм просторот.
Добрата музика и шолја кафе дефинитивно го прават мојот ден поубав. Но, да бидете опкружени со луѓе кои ви шират позитивна енергија и кои ви помагаат да бидете подобра верзија од себе е клучниот рецепт за убав ден, и убав живот секако! :). Низ годините се научив да го ценам своето време па така, се повеќе се отстранувам од нешта кои ја црпат мојата позитивна енергија, без разлика дали е тоа некоја работа, некои луѓе и сл. На крај, најдобро е кога знаете што навистина сакате – не плашете се да преземете чекори, не плашете се од критики и не ограничувајте се! Учете нешто ново секој ден и бидете најдобрата верзија од себе.