ЖивотУбави совети

Ручекот нека биде вкусен и брз за подготовка!

Задолжително пробајте го овој рецепт. Нека домашно похованиот кашкавал биде крцкав, вкусен и неодолив како во ресторан!

Состојки

300гр кашкавал
100гр брашно
50гр лебни трошки
2 јајца
Масло за готвење

Прво исецкајте го кашкавалот на парчиња, не многу тенко не многу дебело, а обликот нека биде по ваша желба. Секое парче кашкавал се потопува најпрво во вода, потоа убаво се поминува од сите страни во брашно, па во јајцата и на крај во лебните трошки. Пржете ги на загреано масло и вртете ги неизменично од двете страни.

Поврзани статии

Back to top button