Од насУбави муабети

Не прифаќај лошо кафе, лош маж и лоши пријатели!

Да се биде рамнодушен не е воопшто добро. Луѓето сакаат да бидеш под нивно влијание и да ги прифаќаш работите онакви какви што се. Можеби во некои сфери така и треба, но никако во сите. Постојат сфери каде не треба да се прифаќа понуденото. За некои работи треба да се бориш.

Луѓето кои не знаат да живеат онака како што сакаат прават и ти да се чувствуваш лошо, во дадени ситуации да се запрашаш дали постапуваш правилно. Често пати ќе се соочиш со критики и напади, ќе те наречат себична и безобразна само затоа што се бориш за она што те прави среќна.

Доколку секогаш живееш за туѓи мислења ти ќе имаш многу здодевен и мирен живот. Ако твојата страст кон животот ги плаши луѓето околу тебе тогаш пушти ги да одат, да заминат, едноставно ослободи ги за твое добро. Твојот живот треба да биде огледало на она што го сакаш и те прави среќна. Не треба да се плашиш да живееш како што сакаш. Ако се однесуваш кон животот како да не те интересира тогаш тој ќе ти донесе животни ситуации кои навистина нема да те интересираат. Се е едноставно.

Има милион други работи кои не можеш да ги контролирап и треба да ги заборавиш. Најчесто е тоа поврзано со други луѓе, што они мислат. чувствуваат и сакаат. Од никого никогаш ништо не очекувај, не можеш да влијаеш на туѓите чекори и желби. Среќата е едноставна, доволно е да научиш да кажеш Не. Немој да бидеш со лоши пријатели кои те користат, немој да бидеш покрај лош маж кој не е цени и не умее да си го оддржи зборот и никогаш не прифаќај лошо кафе.

Дали кофеинот ни помага да живееме подолго?

Животот е премногу краток за да губиш време со луѓе кои ти ја земаат енергијата и силата. Престани да бидеш памнодушна. Сконцентрирај се на она што можеш да г направиш за да бидеш среќна.

 

 

 

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button