Пудинг од карамела, десерт на денот!
Има ли некој кој може да одолее на вкусен десерт? Рецептот во продолжение ќе ви го привлече вниманието и ќе ве испрати право во кујната!
Состојки: 400гр шеќер, 450гр гриз, 1,4л млеко, 250гр путер, 2 лажици изрендана кора од портокал и 50гр суво грозје.
Подготовска: Ставете го мелкото да се вари на средна температура. Во друг сад стопете го шеќерот, мешајќи постојано за да не загори. Штом шеќерот ќе се растопи и ќе добие крем боја намалете го огнот и постепено додавајте го млекото. Мешајте се додека целиот шеќер не се стопи. Префрлете ја смесата во друг сад. Потоа стопете го путерот на мал оган, па додавајте го гризот и мешајте се додека смесата не добие кафена боја. Потоа додадете го сувото грозје, кората од портокалот и млекото. Промешајте неколку пати за да не се создадат грутки, затворете го садот и варете го на мала температура неколку минути, додека смесата не се згусне. На крај сервирајте го стаклени посуди и по желба додадете јаткасти плодови или овошје.
Добар апетит.