Три книги кои ќе ве насмевнат, ќе ве зачудат, ќе ве расплачат…
Нека читањето ви биде секојдневна навика и ритуал за убав ден, а ние ќе се погрижиме секогаш да ви открваме наслови кои се интересни и ќе го задржат вашето внимание.
За денеска, одбравме три книги кои ќе ве насмевнат, ќе ве зачудат, ќе ве расплачат…
Девојката од Бруклин – Гијом Мисо
Тајните никогаш не остануваат скриени. Главниот лик во оваа книга, на само три недели пред свадбата со жената на неговиот живот дознава дека таа чува страшна тајна. Одеднаш таа исчезнува, а тој се обидува да ја пронајде и да ја открие вистината.
Имено, Гијом Мисо е познат француски автор и еден од најпродаванати автори во Франција. До сега неговите книги се преведени на 34 јазици и продадени се во 11 милиони примероци ширум светот.
Последниот воз за Истанбул – Ајше Кулин
Ајше Кулин на своите фанови им нуди уште едно уникатно книжевно патување кое растреперува. Ова е книга на која долго ќе се сеќавате и со задоволство ќе ја прераскажувате. Кулин ќе ве прошета низ колоритниот Истанбул и магичната Франција сред разорот на Втората Светска војна. Оваа книга е приказна за тоа како традиционалните норми можат да и наштетат на љубовта, приказна за тоа дека силата на љубовта е најмоќна, но и приказна за тоа дека војната менува многу нешта…
Љубовниот детектив – Александра Потер
Руби Милер ја губи својата вера во љубовта. Во обид да ја заборави измамата на нејзиниот партнер, таа заминува со нејзината сестра на еднонеделниот одмор и тука започнува една совршена авантура. Украдени куфери, сестра во бегство и згоден странец, Американец и една мистериозна турнеја низ Индија. Шетајќи низ тврдините и посетувајќи гатачи и свадби, таа открива фасцинантни приказни за љубовта…