Постојат работи кои жената не смее да ги направи за ниеден маж!
Сите постојано слушаме и читаме дека мора да бидеме толерантни во врската, да се грижиме за желбите и потребите на партнерот. Но, сепак, не смее да заборавиме дека постојат некои работи што никогаш не треба да си дозволиме да ги правиме поради нашиот партнер.
1. Да заборавете на вашите соништа
Вашите цели и соништа се важен дел од вас, тие ве возбудуваат, мотивира и ве прават среќни. Ако вашиот партнер директно (или индиректно) сугерира дека времето за нивно остварување одамна е поминато и дека треба да престанете да ги правите, можеби е време да размислите за тоа дали сакате да бидете со лице кое не верува во вас.
2. Да ги згазите вашите ставови
Никогаш не дозволувајте некој да се исмејува на вашите верувања и ставови. Во секое време, заслужувате почит, без оглед на разликите во размислувањето. Разликите се составен дел од секојдневниот живот на паровите и нема да станат проблем ако сте во врска со еден човек кој ги почитува вашите ставови и мисли.
3. Да го промените изгледот затоа што тој толку многу го сака тоа
Тој ги загледува плавушите, па размислувате да ја обоите косата плава? Дали ви кажува дека имате килограм плус и дека треба да ја намалите тежината? Ова се љубовни прекршоци кои не треба да се толерираат. Секоја промена што ќе ја направите на вашиот изглед мора да биде мотивирана од ваша желба, а не од желбата на некој што мисли дека не сте доволно добри онакви какви што сте.
4. Да ги намалите стандардите
Знаете што сакате, знаете што ви е потребно и држете се до тоа. Немој да останете во врска која не ве прави среќна, немој да се задоволите со човек што не е доволно добар за вас.
5. Да ги заборавите пријателите
Не бидете една од оние жени кои целосно ги забораваат своите пријатели само поради тоа што тоа била желбата на партнерот. Не занемарувајте го вашето друштво и наоѓајте време да се гледате со нив, бидејќи тие биле дел од вашиот живот долго пред да влезе во него вашиот партнер.