Постои место на кое бегаш кога сите прашуваат- Како си?
Постои место на кое бегаш кога сите прашуваат- Како си?
И има име тоа место, едноставно е, се вика- Онака…
Кога веќе си таму, далеку од сите, само со себе…таму сфаќаш дека колку повеќе можеш да издржиш да си сам, толку повеќе можеш и да љубиш…Можеби за момент ќе си помислиш- каков парадокс е тоа?!
Но, не е.
Можеби е единствената вистина која ќе ја спознаеш помеѓу сите други- оние кои се способни да бидат сами се најспособни за љубов, спремни се да се препуштат целосно во најдлабоките делови на душата на друго битие- без да го поседуваат, без да станат зависни, без да ја цицаат енергијата, едноставно само да ја измешаат во нешто прекрасно…Токму тие се најчисти самите зошто знаат колку е важна слободата, знаат дека ако бидат оставени ќе тагуваат колку што е потребно, но, пак ќе бидат среќни.
Нивната среќа не може да биде земена од никој, зошто не е ни дадена од некој. Нивната среќа е во нив самите…
Биди од тие луѓе, тие ја преживуваат бурата…тие остануваат со крената глава после сите порази…тие знаат каде е тоа место наречено- Онака…и се вратиле од таму…
Сега знаат да го погледнат животот во очи и да живеат…
Биди од тие луѓе…и се ќе биде во ред, ти ветувам…]
Mаја Спасовска
Испратете и вие ваш текс на info@ubavo.mk