После празничните прејадувања време е за прочистување на огранизмот!
Ние веруваме дека секој размислува за детоксикација и вишокот килограми после празниците. Ние ви спремивме едноставен рецепт со кој веднаш можете да ја започнете детоксикација.
Ѓумбир и лимон пијалок, брзо и лесно е да се направи, и е одличен избор за чистење на телото на отрови. Го стимулира метаболизмот, исто така, го забрзува губењето на килограми.
Ѓумбирот е моќен антиоксиданс кој ја зголемува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на телото. Покрај тоа, помага при надуеност и го забрзува дигестивниот систем. Лимонот има диуретична особина која го стимулира отстранувањето на токсините од телото.
Состојки:
– 3 dcl вода (собна температура)
– Исцеден сок од половина лимон
– 1cm свеж ѓумбир
Подготовка:
Додајте сок од лимон и рендан свеж ѓумбир во чаша млака вода. Оставете го пијалокот десетина минути да кисне а потоа испијте го.
Овој чудесен пијалок може да послужи како детоксикација и дополна за исхраната, но исто така и како здрав утрински ритуал кој ќе ви помогне да го исчистите телото од токсини акумулирани за време на одморот. Ако сакате, можете да го засладите со малку мед.