„Полнет карфиол“: Идеален брз и здрав ручек
„Полнет“ карфиол е нашиот избор за денешниот ручек, а освен што ова е вкусен и здрав оброк, погоден е и за луѓе кои внимаваат на телесната тежина.
Сто грама карфиол содржи 80% од дневната количина на магнезиум, што значи дека овој зеленчук има исклучително корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем. Покрај тоа, ја намалува болката предизвикана од ревматизам, а исто така ги ублажува симптомите на менопауза.
Полнет карфиол
Потребни состојки:
0,5 кг карфиол
100 гр кисела павлака
1 чаша ситно сирење
2 парчиња сланина
2 лукчиња
3 лажици путер
1/4 лажица лук во прав
сол и бибер по вкус
Скршете го карфиолот на парчиња и варете ги во врела вода околу 10 минути.
Исцедете го.
Во блендер ставете омекнат путер, лук и павлака и блендирајте.
Додадете го лукот, половина од количеството сирење и промешајте. Зачинете по вкус.
Наредете го карфиолот во огноотпорен сад, прелијте го со смесата од блендерот и наредете ја сланината. Печете околу 20 минути на 220 степени.
Потоа додадете го остатокот од сирењето и лукот.
Вратете се во рерна и печете додека не се растопи сирењето.
Послужете со сезонска салата.