ЖивотУбави совети
Пита на шпански начин
За брзо време и на лесен и едноставен начин пригответе малку поинаква пита, шпанска пита.
Потребни состојки:
4 јајца
200гр свежи печурки
2 чаши брашно
1 чаша масло
50гр кисели краставички
200гр кашкавал
200гр шунка
1 кесичка прашок за печиво , сол и црн пипер
Подготовка: печурките, шунката, краставичките се сечкаат ситно. Кашкавалот се ренда на покрупната страна. Во брашното се става прашакот џза печиво, јајцата, маслото солта и црниот пипер. Се добро се меша. Потоа се ставаат печурките, шунката и ренданиот кашкавал. Уште еднаш добро замесувате и ставате во подмачкан плех да се пече на 200 степени. Наздравје!