ПЕТ ВЕРУВАЊА кои ни стојат на патот на УСПЕХОТ И СРЕЌАТА
Кога донесуваме одлуки, често ги засноваме на верувања од минатите искуства. Сепак, некои од нив можат лошо да влијаат на нашиот пат кон успехот и среќата.
Често мозокот е тој што не задржува во моментите кога сакаме да се ослободиме од некои стари верувања и да прифатиме нови. Сепак, може да се „скокне“, а најлесниот начин да се направи тоа е да се создадат контра-верувања кои можат да го преобличат нашето претходно мислење.
Имено, верувањата кои ги водат нашите постапки најчесто се засноваат на нашите минати лични искуства. Ова е често причината зошто носиме погрешни одлуки. Понекогаш сме дури и свесни дека тие не се добри за нас. Сепак, ние одлучуваме да ги спроведеме во пракса.
Во такви ситуации ни е важно да имаме некој близок, некој кој е подготвен да ни ги „отвори очите“, да ни ја разбуди свеста. Тој може да ни помогне да ги откриеме и разјасниме верувањата и искуствата и на тој начин да ги преиспитаме, прошириме и конечно да ги промениме.
Ова се најчестите верувања кои стојат на патот на нашиот успех и среќа.
- МОРА ДА РАБОТАМ НАПОРНО ЗА ДА БИДАМ УСПЕШЕН ВО МОЈОТ БИЗНИС
Луѓето често си наметнуваат нереални работни очекувања. Ова обично се должи на шаблоните на кои бевме изложени како деца. Децата во чии родителски дом ништо не се препознавало освен одлични оценки во текот на нивниот живот, имаат притисок дека тоа мора да продолжи, кога станува збор за работата, семејството, децата. Сепак, тоа не е точно.
Наместо тоа, кажете си: „Луѓето ќе ме ценат ако ги препознаам и разберам ситуациите во кои грешам. Сите правиме грешки. Можеби ќе се чувствувам непријатно во тој момент, можеби ќе бидам лут на себе. Сепак, Не мора да бидам совршен за да бидам успешен. Се стремам да бидам одличен, но не и совршен. Никој не е совршен!“
- СЕМЕЈСТВОТО И ПРИЈАТЕЛИТЕ МИ ПОСАКУВААТ НАЈДОБРО – МОРА ДА ГИ СЛУШАМ НИВНИТЕ СОВЕТИ
Колку и да сме блиски со семејството или пријателите, тие не поминале низ исти ситуации како нас. Колку и да не познаваат добро, не можат да знаат како се чувствуваме во одреден момент. Тоа е една од причините зошто не мораме безусловно да ги слушаме нивните совети.
Наместо тоа, можеме да си кажеме: “Не е секогаш можно да им угодиме на сите. Важно е да се чувствувам добро кога ќе донесам одлука. Ако направам грешка, тоа ќе ме наведе да научам нешто ново”.
- ГОЛЕМАТА ЗАРАБОТКА ЌЕ МЕ НАПРАВИ СРЕЌЕН
Колку и да звучи оваа реченица како фраза, парите навистина не се мерка за среќа. Многубројните истражувања кои се направени на добитниците на игрите на среќа покажаа едно – парите не им купија среќа.
Наместо тоа, кажете: „Важно е да се има финансиска сигурност и затоа се стремам кон тоа. Парите можат да купат удобност, но не и среќа. За среќата е потребна работа во некои други области од животот“.
- НИКОГАШ НЕМА ДА БИДАМ ДОВОЛНО ДОБРА
Со оглед на брзината на промените што ни се случуваат во текот на животот, често нè мачи чувството дека никогаш нема да можеме да бидеме доволно добри. Никогаш не можеме да го видиме крајот на учењето, како на работното поле, така и во приватниот живот. Постојано мораме да се усовршуваме, да стекнуваме нови знаења и вештини. Работата на себе никогаш не престанува и тоа често предизвикува чувство на страв кај луѓето.
Така, можеме да си кажеме: “Можам да се плашам од неуспех, можам да ја почувствувам возбудата од учењето и ширењето на моето знаење и вештини. Сепак, она што е најважно е главната цел, морам да соберам храброст и да го правам она што е добро за мене, иако понекогаш се плашам“.
- СЕКОГАШ ТРЕБА ДА ЧУВАМ СЕ ВО СЕБЕ
Најлесен начин да се скршите ментално е да ги задржите емоциите за себе. Без разлика дали сте лути, повредени, тажни поради загуба или преоптоварени со обврски, важно е да го споделите тоа со некого.
Кажете си: „Сите емоции што ги чувствувам се сосема нормални. Имам право да кажам пред другите што ме мачи“.