Од насУбави муабети
ОЧИ – СЛАВКО ЈАНЕВСКИ
Се извртуваат љубопитни.
Сакаат во себе да ѕирнат
на свој извор со солзи да се искапат.
Попусто им е, љубов моја, попусто.
Изворот со сокрвца се оклопил.
Сега со клепки по многуте тајни копаат
и бараат да им се раскаже
прикаска за слепилото.
И така темницата на копје им е крената.
Течат. Ќе претечат. Зашто не ги испиле
светлопадите на сите вселени.
Потоа во глобовите ќе им прилегнат
грутки иловица под сув босилек,
бели китки под твоите солзи.