ЖивотУбави совети

Ослободете се од пигментните дамки од сонце за малку пари!

Ако мачите мака со пигментни дамки а не сте во можност да купувате популарни и прескапи козметиички препарати – сами направете си ефикасен препарат.

Промешајте по една лажица сок од лимон и кујнски оцет, па додадете две лажици врела вода. Со оваа течност секојдневно плакнете го лицето. Доколку имате сува кожа слободно може да додадете едно мало лажиче билна маст.

Исто така ефикасно делува и кората од лимонот, а и од краставицата. Кружни движења правете на местото каде имате дамки.

Кефирот и киселото млеко се одлично решение за дамки. Нанесете ги како маска. Нека делуваат десетина минути а потоа со млака вода исплакнете се.

Лосион за дамки можете да направите сами. Потребно ви е: еден лимон, едно јајце, 100мл вотка и лажица глицерин. Мачкајте го лицето со овој лосион три пати дневно.

Не е секогаш можно во целост да се отстранат дамките од лицето, но со редовна примена на овие средтста за избелување во траење од два месеци се постигнуваат видливи резултати.

Русите препорачуаат: два пати дневно да се нанесува рицинусово масло на кожата, а лицето да се премива со сок од лимон и магдонос. Дамките од сонце сигурно ќе исчезнат!

 

Поврзани статии

Back to top button