ЖивотУбави совети
Освежете ја кожата после сончање!
И покрај предупредувањата од лекарите за штетните последици од прекумерното изложување на сонце, многу од нас не можат да одолеат на сонцето се сончаат со саати и завршуваат со црвенило и изгореници на кожата, која, за среќа, може да се ублажи со помош на ладни облоги и бањи.
Ставете сува овесна каша на газа, прелијте ја со ладна вода, потоа тргнете ја кашата и употребете ја газата и водата како облога.
Овесни снегулки (1 чаша) исто така може да се истурат во кадата. Ќе делуваат како мелем на кожата.
Или во половина литар ладна вода, истурете половина шише оцет, натопете го на ткаенина и ставете да делува 15 минути на болната кожа. Бањата се прави со ставање две чаши оцет во ладна вода во кадата, каде што се лежи половина час.