ЖивотУбави совети

Омлет од сладок компир за ден полн енергија!

Омлет од сладок компир е идеален избор за појадок, особено ако ве очекува напорен ден.

Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го разубави или расипе денот. Покрај тоа што е многу важно да јадете нешто во првиот час по будењето, подеднакво е важно што ќе биде тоа.

Појадокот ни дава шанса да го започнеме денот на здрав начин. Со овој рецепт за појадок ги внесувате потребните минерали и витамини, го контролирате нивото на шеќер во крвта, одржувате здрава телесна тежина и ќе имате повеќе енергија.

Во основа, здравиот појадок треба да содржи цели зрна, протеини, како и овошје и зеленчук. Подолу ви претставуваме пример за здрав и урамнотежен прв оброк во текот на денот.

Состојки:

½ сладок компир претходно печен во рерна
3 лажици соја
¼ сецкано авокадо
1 млад кромид
¼ лажици куркума
1 лажичка маслиново масло
2 поголеми јајца
бибер, по вкус

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте сладок компир, соја, авокадо, сецкан млад кромид, куркума, сол и бибер.
  2. Загрејте го маслиновото масло.
  3. Во посебен сад, изматете две јајца и истурете во тавата, нежно мешајќи.
  4. По 25 секунди, тргнете ја тавата од оган, додадете ги другите состојки и вратете на рингла.
  5. Печете уште половина минута од двете страни.

Поврзани статии

Back to top button