Убави вести

Одлучете се за најдобрите – М&М Хотел за домашни миленичиња!

Денеска се дружиме со тимот од М&М хотелот за домашни миленичиња.
Ги запрашавме како започнала нивната приказна и што е тоа по што се единствени и препознатливи. 
Милениците се неминовен дел од нашите животи. Како сопственици на миленици и ние самите, знаеме колку е стресно кога патуваме без нив. Од таа причина одлучивме да отвориме хотел за миленици меѓутоа во домашни услови. М&М постои една и пол година до сега и во нашиот дом поминале безброј животинки. Од кутриња и мачиња до зајчиња и папагалчиња.

Тоа што нудиме персонализиран третман за секој миленик го прави престојот помалку стресен за нив и тоа всушност значи дека ние се адаптираме на милениците. Сите животинки се добредојдени па така сме работеле и со агресивни, анксиозни, животинки со нарушена здравствена состојба (со исклучок на оние со заразни болести) и несоцијализирани животинки.

Имаме отворена комуникација со дежурен ветеринар и дресер кои не советуваат за сите потребни додатни информации. Тоа што и ние самите сме активисти подолго време ни помогна во процесот заради големата фрекфенција на животни на кои сме наишле и искуствата од терен.

Покрај персонализираниот пристап милениците имаат простран двор во кој има бескрајни брканици и трчање по стапчиња, а истиот е под видео надзор со цел додадна заштита.

Им приготвуваме и домашни, здрави закуски (кои ги обожуваат) полни со витамини и
антиоксиданси.
Бонусот за милениците е отворениот концепт што го нудиме т.е нема
боксови или сите се слободни и во друштво. Тоа значи помал капацитет и внимателно одбрано друштво меѓутоа и задоволство за нас и за милениците!

Се наоѓаме на планина, во Сопиште и можете да не исконтактирате за дополнителни информации на 078/448-518 или на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук. 

Поврзани статии

Back to top button