ЖивотУбави совети

Од одмор се вративте неодморени и исцрпени? Три работи кои мора да ги исфрлите од вашето секојдневие!

Се вративте од летниот одмор, си мислевте дека сте се одмориле, но се уште се чувствувате преоптоварени, незадоволни и како едноставно да немате доволно енергија. Многу е веројатно дека не сте ги исфрлиле следните работи од вашиот секојдневен живот кои се демотивирачки. 

1. Слатки  – Освен промена на фигурата и килограми плус, слатките се одговорни за многу процеси кои се случуваат во нашето тело. Шеќерот е една од главните причини за акни и масна кожа, но исто така и за замор од кој не можете да се заштитите, без разлика колку спиете. Намалете го внесот на нездрави слатки и јаглехидрати, а за само неколку дена ќе почувствувате освежување и стекнување енергија.

2. Несакани луѓе на социјалните мрежи – Ако сте постојано нервозни и напнати од ништо, обидете се да ги пронајдете луѓето што не ги поднесувате, па затоа секојдневно се полните со лоша енергија. Понекогаш самите ние стануваме несакана личност поради сите оние личности што не бомбардираат на социјалните мрежи.

3. Негативна енергија – Иако ова не е физичка материја, негативната енергија е причина за сите негативни емоции што ги чувствуваме. Просторот во кој го поминувате поголемиот дел од вашето време освежете го со есенцијално масло од лаванда. Просторот исто така мора да го чувате чист и уреден, и не заборавајте слободното време да го поминете размислувајќи и читајќи мотивациони книги.

Поврзани статии

Back to top button