ЖивотУбави совети
Проверете дали сте го пронашле оној Вистинскиот или е само уште една авантура која набрзо ќе помине!
Дури и кога сте лудo вљубени во некого, не можете да бидете сигурни дека тој е “вистинскиот”. Како што поминувате време заедно поминувате и низ површината, забележувајте ги малите детали кои брзо можат да откријат дали е сериозна работа или е само флерт.
Истражување е спроведено над 2.000 среќни парови и одговорите можат да откријат многу интересни факти. Имено, се прашувале парови кои делувале дека нивниот однос ќе биде успешен и ќе стане сериозен.
Иако одговорите биле различни, некои од нив се повторувале постојано. Ги собравме најинтересните, оние кои треба барем малку да покажат дали вашата нова врска е сериозна или е нешто што поминува.
- Ги запознавте неговите родители, а тој вашите.
- Планирате заедничко патување
- И двајцата сонувате за заедничка иднина
- Двајцата кажавте Те сакам
- Во неговиот стан оставивте ваши работи (пижами, парфем, четка за заби..)
- Се гледате барем секој втор ден
- Се грижи за вас кога сте уморни и настинати
- Го возите неговиот автомобил а он вашиот
- Ве запозна со сите негови пријатели и вие него со вашите
- Отворено зборува за неговите фантазии
- Не ја затварате вратата од тоалетот
- Се почесто спиете заедно и се будите прегрнати
- Ви предлоши да си вдомите заедничко милениче
- Заедно се туширате и миете заби
- Ги знаете сите негови дневни планови и обврски
- Ви се јавува и без договор и кога сте на работа
- Ви испраќа смс пораки кога не сте заедно дека му недостасувате
- Ве гушка искрено и силно
- Ве бакнува како тинејџер
- Секогаш го цени вашето мислење и го зема во обзир
- Слободното време го планира со вас и ве вклучува во неговите активности