ЖивотУбави совети
Овие 10 прашања ќе ви го покажат вистинскиот пат по кој треба да чeкорите!
Во средината на љубовната мака и дилема за тоа дали вашиот партнер е достоен за вашата љубов, поставете си ги прашањата кои ќе ги видите подолу. Ако одговорите позитивно на шест или повеќе прашања, вреди вашата љубовна врска да продолжи. Инаку … Знаете што ви преостанува да направите!
- Дали сте научиле нешто од вашиот партнер?
- Можете ли да се помирите со фактот дека за нешто не се сложувате и имате различни мислења?
- Дали имате доверба во него?
- После забавата дали баш со него сакате да си заминете дома?
- Имате ли само ваш мал заеднички свет?
- Ви се допаѓа ли како се однесува во машко друштво?
- Дали членовите од семејството и пријателите мислат дека тој е добар за вас?
- Умее ли да се извини без да го натерате вие на тоа?
- Дали би се венчале со него без бурми, поклони и подароци?
- Дали тој е вашата мисла наутро и навечер?