Од насУбави муабети

Некои луѓе не ве ценат се додека не ве изгубат…

Некои луѓе не ве ценат се додека не си заминете. Кога ќе престанете да им давате поддршка која си ја имале сфатено дека ви е должност, кога ќе престанете да им испраќате ведри и позитивни пораки кои пред тоа ви ги игнорирале, кога ќе престанете да ги пречекувате секој пат штом затропаат на вашата врата во секоја доба со раширени раце, кога ќе престанете да го очекувате нивниот позив и да се надевате на нив тие тогаш ќе се сетат што изгубиле. Некои луѓе не можат да разберат колку сте ги сакале се додека не најдат некој друг кој ќе им пружи слична количина разбирање и љубов. Кога не ќе можат да најдат некој кој ќе им овозожи вистинска и искрена прегратка тие ќе разберат што точно имале од вас. Оти, во секоја прегратка не се наоѓа домот. Кога ќе престанете да ги барате секој ден само да проверите дали се добро, кога ќе престанете да им ги лајкувате сите постови, кога нема да ја оставите вашата работа на пола само за да ја завршите нивната, кога ќе дознаат дека вие имате свои приоритети и задоволста кои се многу поважни од нив ќе сфатат што имале и што ефтино продале.

Некои од овие луѓе ќе се обидат да ве освојат веднаш штом ќе сфатат дека ве губат. Кога ќе сфатат дека имате и други опции, дека вие се однесувате подобро кон нив од нив самите, кога ќе сфатат дека повеќе немате желба да се однесувате така и кога ќе сфатат дека биле премногу себични и бесчувствителни.

На некои луѓе ќе им недостасувате од кога ќе ги заборавите. Кога ќе заборавите да им честитате роденден, ќе ја заборавите нивната омилена песна, ќе заборавите какво кафе сакаат да пијат, ќе ги заборавите заедничките тајни и важните дати. Тогаш и кога ќе заборавите какви чувства во вас буделе.

Неколу луѓе ке почнат да ви веруваат и да ве ценат од кога ќе ги напуштите. Кога ќе сфатат дека вие сте се жртвувале за нив, времето сте го трошеле за нив, ве имале на дланка во секоја доба, ќе сфатат дека сте оделе против себе многу пати поради нив.

Некои луѓе ќе почнат да ве сакаат и посакуваат од кога ќе си заминете. Ќе сфатат дека им негостига вашата грижа, потпора и силна искрена прегратка. Кога на вас нема повеќе да ви недостасува нивнот допир и звукот на нивниот глас. Кога ќе разберат дека не легнувате мислејќи на нив, не станувате со срце полно туку со срце скршено на парчиња токму поради нив.

Некои луѓе никогаш повеќе нема да добијат прилика да ја почувствуваат вашата љубов. Вашето срце ќе припаѓа некому кој знае дека не треба да ве изгуби и повреди за да ве почитува и сака.

Поврзани статии

Back to top button