Некои болки се за наше добро…
Периодот по раскинувањето на врската може да биде навистина многу тежок. Може да бидеме многу тажни или да жалиме што воопшто сме биле во таква врска. Во тие моменти чувствуваме како срцето да ни е скрешно, самотовербата намалена и егото распарчено.
Но, фактите дека после тој период и после таа врска ние сме побогати за едно искуство плус, дека стануваме многу попаметни и повнимателни треба да не радуваат. Некои болки е за наше добро, верувајте ми.
Лекциите кои ги учиме од секоја врска и од секое раксинување се многу важни за наредните одлуки и случувања во нашиот живот. Научивме дека не можеме никого на сила да го натераме да не почитува и сака, дека никој не можеме да промениме. Знаеме дека за љубов се потребни двајца. Сфативме дека никогаш повторно не смееме да се запоставуваме себе си и сопствените желби и потреби. Знаеме и точно што очекуваме и сакаме од врската, а уште попрецизно што не.
И најважноо што го научивме колку и да звучи клише сега знаеме дека времето лекува. Колку и на почетокот да ни се чинеше дека вечно ќе плачеме и тагуваме, сега знаеме дека тоа не е така. Секој нов ден сме посилни, поуспешни и со поголема самоконтрола. Животот е нашиот најдобар учител, не учи на тага, на болки и на среќа – за наше добро!