Нека биде денот полн насмевки!
Вицеви за убав и насмеан да ви мине денот. Смејте се гласно!
Во радио емисија во живо:
– Здраво, јас сум Трпана и сакам на мојот шеф Цветко да му посакам за нова година дедо мраз да му донесе една торба со презервативи.
Водителката:
– Сигурно му посакувате многу секс во новата година?
– Не, сакам такви идиоти да не се размножуваат повеќе!
Разговараат двајца службеници:
– Денес му поставив ултиматум на шефот: „Или ќе ми ја зголемиш платата, или ќе ја напуштам фирмата“.
– И, како заврши разговорот?
– Постигнавме компромис. Ниту тој ми ја зголеми платата, ниту јас ја напуштив фирмата.
Двајца психијатри прават муабет. Едниот му вели на другиот:
– Колега, имам еден интересен пациент. Секој ден во 15:00 ч. иди кај мене на работа и ми вели дека е такси.
– Навистина интересно. И, како го лекуваш?
– Практично. Го терам да ме качи на грб и да ме однесе дома.
Во ординација лекарот прашува една госпоѓа:
– Зошто вашето дете толку многу вреска?
– Поради парични проблеми.
– Извинте госпоѓо, мене не ми е јасно како може дете од 3 години да има парични проблеми?
– Може докторе – детето голтна 1 денар.
Трпана му вели на Трпе:
– Миличок, пред да се земеме, би сакала да ти ги признаам сите мои гревови.
– Но, нели ми ги призна пред 2 недели?
– Да, ама сега имам нови.