Недела не е ден за правосмукалки!
Никаде нема пишано правило дека баш денес треба да се фатиме за правосмукалките, крпите за прашина и метлите на толку денови од неделата.
Од перење и пеглање на партали спомени нема! Излезете надвор, покажете им на децата колку убав може да биде светот!
Ако останувате дома, ве молам, без звук од машината за перење на алишта. Создадете празнична приказна од секоја недела. Ставете колачиња на масата и заборавете на диетата. Почестете го партнерот со пијалак и кренете нозе на маса!
Недела, ако е ден за чистење, нека биде за чистење на умот. Со добра книга или филм. Со разговор со луѓе кои нештата ги гледаат од поубавиот агол.
Недела е ден кога треба да го најдeме мирот во себе. За да бидеме во мир и хармонија со другите!
И нема да пропадне светот ако денес не завршите некоја домашна обврска!