Неверство – да се прости или не?
Понекогаш вреди да се спаси врската, дури и по неверство.
Измамата и аферата во врските се присутни и се случуваат цело време, колку и да сакаме да мислиме на спротивното. Иако тој чин може да изгледа како да се руши целиот свет, ако вашиот партнер има афера, животот продолжува.
Ако постои волја и доволно љубов меѓу партнерите, можно е да се продолжи односот дури и откако еден од партнерите бил неверен или имал афера со друго лице. Ќе биде тешко и ќе сакате да се откажете во некои моменти, но можно е да се преброди неверството. Впрочем, љубовта вреди да се спаси, нели?
Пред да одлучите да свртите нова страница во вашиот живот, запрашајте се дали сте спремни да ја простите измамата. Или, ако вие изневерите, дали тој е спремен да ви прости навистина?
Тоа е човечки грев, измамата е понекогаш дел од животот. Понекогаш неверството навистина може да ја зајакне врската, а понекогаш ќе покаже дека е време секој да тргне по свој пат, на своја страна.
Она што е од клучно значење во секоја врска е довербата која е важно да се обнови по она што се случило, но тоа не е лесно и ќе бара многу напорна посветеност од страна на двајцата партнери.
Не боли да се консултирате со терапевт за врски, оти тој во голема мера може да ви помогне да разберете што сакате и никогаш повторно да не изградите однос во кој ќе има неверство.