Не се препознавам себе си…
Постојано насмеана, полна со позитивни мисли и идеи… Некогаш, јас бев таква. Му се радував на секој нов ден, со раширени раце го пречекував секој нов предизвик. Насмевката секаде со себе си ја носев.
Сјајот во очите сега го заменив со солзи. Но, не солзи радосници, солзи без посебна причина. Солзи за ништо, солзи за се. Тагувам, а не знам зошто. Веројатно се уморив, се презаситив од сама себе си. Ми здосади да ја носам насмевката, да нудам утеха и да бидам сечија потпора. Доста ми е од се, и од сите. Сака на раат да тагувам, слободно да се исплачам, душава своја да си ја олеснам. Полна мисли ми е, за се размислувам, најмали ситници постојано размислувам. Претежок ми е товаров на грбов што го чувствувам, со болка го носам.
Сакам се да заборавам, како нова да се родам. Но, повторно среќна да сум, насмеана ама од срце. Не сакам маски, не сакам лаги и превари. Сакам да сакам со цело срце, сакам да ме сакаат исто така. Ми здодеа да сакам а да не бидам сакана, да помагам а да не добивам помош кога ми треба, да советувам а за возврат критики да добивам. Толку ли е тешко да се живее? Толку ли е тешко сите среќни да сме?