Најчестите митови за дебелеењето: Еве каде грешиме
Ова се најчестите митови за дебелеење, во кои сè уште веруваме. Можат да бидат главната пречка поради која не можеме да се ослободиме од вишокот килограми.
Речиси и да нема жена која барем еднаш во животот не се обидела да држи диета или барем да не слушнала некои од илјадниците совети од пријателите или нејзините „нутриционисти“. Како да се справите со морето од информации? Подолу ви ги откриваме најчестите заблуди.
Најчестите митови за дебелеење
Јадете на секои три часа за да не го успорите метаболизмот
Ако се чувствувате гладни неколку часа, тоа не значи дека го изгладнувате телото, бидејќи би ви биле потребни цели три дена со минимален внес на храна. Исто така, ако сакате да одржите нормално ниво на шеќер во крвта, не мора да јадете на секои неколку часа. Значи, ако се чувствувате гладни и посегнувате по некоја енергетска лента или слично слатко задоволство, не значи дека поради тоа ќе се здебелите.
Не јадете доцна затоа што ќе се здебелите
Консумирањето храна после 20 часот нема да има ефект врз дебелеењето од истиот оброк доколку сте ја јаделе порано истата вечер. Истражувањата покажаа дека многу поважно е колку калории внесувате во организмот, а не во кое време.
Кофеинот е лош за вашето здравје
Напитоците кои содржат кофеин, како кафето, нема да предизвикаат дехидрација, не се лоши за вашето срце и не предизвикуваат мозочен удар. Всушност, кофеинот има многу корисни својства за вашето тело. Ја стимулира активноста на мозокот, а истражувањата покажаа дека кофеинот делумно штити од Паркинсонова и Алцхајмерова болест. Сепак, како и со сè друго, треба да бидете умерени.
Пилешкото месо е најздраво
Уште една невистина. Вистинско парче говедско или свинско месо може да биде исто толку лесно како и парче пилешки гради без кожа. Чистото црвено месо содржи двојно повеќе цинк, железо и витамин Б12 од мисиркино или пилешко.