ЖивотУбави совети
Наједноставниот рецепт за кокосови бомбици
Со оглед на тоа дека денеска немате работни обврски, најдете малку време и изненадете ги саканите со вкусни колачи.
Состојки:
250 гр. Petit Beurre бисквити
100 гр. кокос
150 гр. маргарин
200 гр. шеќер во прав
100 мл. млеко
100 гр. чоколадо за готвење
2 лажички со рум
кокос
Подготовка:
Маргаринот оставете го еден час на собна температура, па потоа изматете го со шеќерот во прав. Чоколадото растопете го во топло млеко и додајте лажичка кокос. Бисквитите измелете ги во блендер, па додајте ги во мешавината со чоколадо и кокос. Додајте ги румот и изматениот маргарин, помешајте добро додека не добиете изедначена смеса и оставете ја во замрзнувач за да се зацврсти. Потоа, од тестото, обликувајте ги бомбиците и прпелкајте ги во кокос.