ЖивотУбави совети
Најдобра физичка вежба за сите генерации!
Нашето тело е машина создадена за движење. За разлика од било кој апарат кој го направил човекот, нашиот организам има повеќе штета од неактивноста отколку од активноста.
Докажано е дека лицата кои вежбаат најмалку 4 пати седмично по 40 минути драстично го намалуваат ризикот од инфаркт и од други кардиоваскуларни болести.
Со физички вежби се намалува телесната тежина, а со тоа постепено се намалува и се воспоставува контрола над крвниот притисок.
Најдобра физичка вежба што може да им се препорача на сите, без ограничување, е пешачењето. Една стара изрека гласи вака: “Сите имаме два доктора – десната и левата нога”.