Насмевката нека е ваша најдобра пријателка!
Штом станете наутро прво поздравете го сонцето. Застанете пред огледало, насмевнете се. Со вашите дланки помилувајте се по косата, потоа провлечете со прстите низ неа. Кажете си “колку сум убав/а”. Измијте се и започнете го денот. Ако сте на работа, бидете на работа. Со телото и со умот. Пред да влезете на вашето работно место во себе кажете си “И денес со леснотија ќе сработам се што е потребно”. И, не заборавајте, насмевнете се кога ќе влезете во вашата канцеларија, салон, погон… работна просторија. Од срце поздравете ги вашите колеги. Насмевнете се, нека вашата среќа и искрена насмевка допре до нив.Токму вие бидете причината за хармонија и позитивна атмосфера во работниот простор. Воедно, тоа е и најдобрата одбрана. Работете, тивко и концентрирано. Помогнете кога можете и посоветувајте. И кога ќе ви заврши работниот ден канцеларијата напуштете ја со насмевка. Насмевката секогаш носете ја со себе, не дозволувајте никој да ви ја расипе. Каде и да одите, што и да чувствувате и правите таа нека биде ваша најдобра пријателка!