ЖивотУбави совети

Направи сам: исклучително ефикасен пилинг за мaсна кожа

Денес ќе ве запознаеме со едноставна техника која ќе ја држи вашата масна кожа под контрола. Станува збор за едноставен пилинг за лице, кој се фокусира на отстранување на наслагите на мртвата кожа на лицето. Луѓето кои имаат масна кожа мора да водат посебна грижа, редовно да ги елиминираат мртвите клетки на кожата и вишокот масла за да спречат развој на бактерии и инфекции, кои предизвикуваат акни и други проблеми.

Едноставниот и исклучително ефикасен домашен пилинг за лице, кој не содржи штетни хемикалии и се подготвува многу лесно, ќе ја направи вашата кожа совршено чиста, мека, мазна и без вишок на маснотии.

Пилинг за лице со киви:

Витамините А и Ц, кои се присутни во киви, делуваат како антиоксиданти и го подобруваат здравјето и текстурата на кожата.

Состојки:

1 киви

2 лажици шеќер

2-3 капки маслиново масло

Излупете го овошјето и изгмечете го со вилушка. Потоа додадете шеќер и масло и добро измешајте за да добиете хомогена смеса. Нанесете го пилингот на лицето и обработете ги сите делови на лицето, вклучително и вратот, со кружни движења. Пилинг треба да се масира со кружни движења 5 минути и после тоа уште 5 минути да делува.

 

Поврзани статии

Back to top button