Наградуваме!
„Овде пред најубавиот залив кој моите очи го виделе каде копнеев еден ден да бидам со мојата втора половина и да ѝ го покажам она што ме прави среќен, таа во овој миг ме гушна и ми вели дека сум ѝ сe.Кога би знаела дека умрев за неа, а и таа за мене, и колку само долго ја чекав, и колку многу ја сакав, ја сакам и ќе ја сакам засекогаш до крајот на светот, сигурно не би можел ни Универзумот да ги сопре нејзините солзи…“ „Не е случајно што повторно сега ја сретнав најчистата душа која ја познавам во сите мои животи. Морам да внимавам и да не ја повредам со дело, збор, па ниту со мисла. Ќе се грижам и ќе ја чувам повеќе од себе си. Ако погрешив претходно и ја изгубив, овој пат ќе направам сè за да ја испратиме пораката поради која сме овде. Универзумот ми ја подари како цвет во пустина на кој смеам безгранично да му се радувам, но никогаш не смеам да го скинам и напуштам. Тоа е цвет на вечна љубов. И покрај сè таа е моја муза и инспирација за да ми помогне да го напишам делото и да го остварам сонот да снимам филм за највозвишеното чувство – љубовта. Само затоа сме тука во време и простор двајцата заедно, за да му покажеме на светот за една безусловна, несебична и чиста љубов. Пораката од оваа љубов ќе ја испратиме да патува во вечноста за следните генерации. Тоа ќе биде порака за изгубените вредности на себељубието и емпатија кон секоја душа на овој свет. Таа не може ни да претпостави дека го пишува најубавото дело за сценарио и филм. Тоа е делото поради кое умиравме еден за друг во прегратка претходните животи. Тоа е делото поради кое толку пати се сретнавме и разминавме на оваа планета за да ни се зголеми жедта за љубовта која никогаш не си ја подаривме.“ Еден наш читател или читателка ќе има можност да го добие романот “Љубов се викам” од Ниче Димовски!