Мајки, жени, кралици без вас светот би бил едно огромно Ништо!
Мајки, жени, кралици! Вие ја заслужувате најголемата и најдлабоката среќа на овој свет. Без вас светот би бил огромно Ништо. Љубете се, ценете се и гордејте се!
Секој ден треба да се слави роденден на секоја една мајка на светов.
Оти, без нив е тешко.
Без нивната љубов не се може, без нивните прегратки денот е тажен.
Без нивната грижа и посветеност не би знаеле да го цениме и сакаме животот, да се љубиме себе си, да ги љубиме и другите луѓе.
Мајките лекуваат, мајките крепат и крпат рани.
Мајките го прават најдоброто за секое дете.
Мајките советуваат, караат и учат, учат како треба, а како не треба да се врви низ животот полн пречки и тешкотии.
Мајките би го дале својот живот, како што го даваат своето време за детето.
Мајките се најискрените пријатели на децата.
Не љубоморат, туку се гордеат и мотивираат.
Помагаат и кога немаат ни капка сила во нив.
Мајките сослушуваат и кога не можат, оти за децата се секогаш можат.
Тие не чекаат право време за нешто, тие го создаваат со големи маки, сега, одма и веднаш.
Тврдоглаво се борат низ животот.
Мајките помагаат без да очекуваат нешто за возврат.
Простуваат и работи кои не се за простување.
Нивната единствена желба е здрави и среќни да им се децата.
Најголема мотивација им се децата, за нив ќе го освојат светот!