Убави вести
На 21ви април во 16:00 часот дружба и размена за љуботелите на пишаниот збор!
Деветата книжевна дружба и размена на прочитани книги, во организација на Fb групата „Размена на книги/books exchange“ ќе се одржи на 21 април 2018 година, во Ирскиот Паб “St. Patrick” на кејот на Вардар, Градски Тровски Центар, Скопје.
Сите љубители на пишаниот збор, ве покануваме да си ги донесете прочитаните книги и сите убави мисли поврзани со книгите, и да ги размениме, и книгите за нови непрочитани, и идеите за нови неоткриени.
Настанот и дружбата ќе започнат во 16 часот. Не доцнете, за да не пропуштите убави книги. 🙂
За да бидеме сите фер кон сите останати вљубеници во книгата, да се придржуваме кон двете правила: никој не носи книги за кои знае дека нема да бидат интересни за размена и секој зема онолку книги колку што донел.
Секој кој сака да ни се придружи е добредојден.