МодаУбави совети
Моден тренд: Која боја ќе ја носиме оваа есен?
Следејќи ги Инстаграм трендовите се чини дека крајот на летото и почетокот на есента ќе бидат одбележани со една интересна боја која добро им стои на сите девојки без разлика на бојата на тенот или косата.
Станува збор за крем кафени нијанси кои ќе ги гледаме во уличната мода. Крем кафените нијанси можете да ги комбинирате со многу други бои како бела, сина, тегет, жолта па дури и розова.
Кошулите, фустаните, здолништата, маичките ќе бидат обоени во крем кафено. А, ако пак сакате максимално да ги потенцирате трендовските парчиња во крем кафена нијанса модните експерти советуваат да ги комбинирате со фармерки и тексас јакни.