ЖивотУбави совети

Мини погачи кои вашите деца ќе ги обожаваат!

Нека денес е ден кога кујната ќе мириса на штотуку испечени кифлички и погачи.

Подгответе ги овие мини погачи кои се ептен вкусни и лесни за правење.

Состојки:
1 кг. брашно,
250 гр. маргарин,
400 гр. свежо сирење,
1 лажица сол,
едно јајце,
ќесичка сув квасец,
100 мл. млака вода
сусам и ким

Ставете го квасецот да надојде во водата. Потоа, додајте го брашното, сирењето, маргаринот и солта. Измешајте добро додека не добиете хомогена смеса. Замесете тесто и оставете го 30 минути да надојде. Потоа, исукајте го тестото да биде што потенко, па свиткајте го во ролат. Оставете го тестото да отстои десет минути, па исукајте го уште еднаш. Со модла или чаша извадете кругови од тестото, наредете ги во тава намачкана со маргарин или хартија за печење, премачкајте ги погачите со изматено јајце, наросете со сусам и ким и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Поврзани статии

Back to top button