Места на кои можете да летувате и во октомври
Судејќи според времето во последниве денови, се чини дека летото е навистина заврши. Меѓутоа, постојат некои дестинации каде што дури и во октомври може да се сончате и пливате.
Овие 10 дестинации изобилуваат со сончеви денови и пријатни температури на водата и воздухот дури и во раната есен.
ЛАНЗАРОТЕ, КАНАРСКИ ОСТРОВИ
Овој Канарски Остров е една од најсигурните опции за европските туристи, кога во прашање е сонцето во Октомври. Гостите можат да уживаат во едно од трите одморалишта по долната на јужниот брег: Плаја Бланка, Коста Тегуисе и Порто дел Кармен.
САНТОРНИНИ, ГРЦИЈА
Еден од најпознатите осторви на Егејското море кој бил уништен во вулканска ерупција во 16 век, но секогаш изоблиувал со својот прекрасен пејсаж и блага клима. Посетителите ќе уживаат во идиличните предели на стрмни карпи, елегантните градби со нивните прекрасни балкони и чардаци.
АЛАНИЈА, ТУРЦИЈА
Просечните температури во октомври се 29 степени, што е многу попријатно отколку во средината на летото. Тоа е причината зошто октомври е совршен за летен одмор во Турција.
ЗАКИНТОС, ГРЦИЈА
Типичната медитеранска клима на овој грчки остров на Јонското Море, во октомври преовладуваат топли летни температури со пријатни 25 степени.