ЖивотУбави совети

Мафини со тиквички и песто: Здрава и лесна ужина без бело брашно

Мафините со тиквички и песто се нашата омилена закуска овие денови.

Темата за здравствените придобивки од тиквичките веќе ја допревме многу пати, па не се сомневаме дека одвреме-навреме навистина се наоѓаат на вашето дневно мени. За среќа, тиквичките навистина можеме да ги комбинираме на многу начини.

Покрај класичното печење на скара, преку замената на тестенините со тестенини од тиквички, до мафини, проја и леб, овој зеленчук има широка примена и одлично оди речиси со се.

Денеска решивме да пробаме мафини со овој зеленчук, па во продолжение ви го претставуваме рецептот. Веруваме дека вкусот ќе ве маѓепса и вас.

Состојки:

чаша бадемово брашно
чаша овесни снегулки
1 лажичка морска сол
1 лажичка сода бикарбона
половина лажичка бибер
2 јајца
1 шолја рендани тиквички
1/2 чаша пармезан сирење
1 чаша песто сос
маслиново масло по потреба

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Калапот за мафини намачкајте го со маслиново масло и ставете хартија за печење.
Во сад измешајте бадемово брашно и овесни снегулки, сода бикарбона и бибер.
Во друг сад изматете ги јајцата, додајте ги тиквичките и сирењето и промешајте. Додадете песто и мешајте додека состојките не се соединат.
Потоа во сад со тиквички и јајца се додаваат измешаните суви состојки и се меша додека не се добие густа смеса.
Оставете да отстои 15 минути.
Истурете ја смесата во калапот до врвот.
Печете 30 до 35 минути, додека мафините не добијат златна кора.

 

Поврзани статии

Back to top button