Маски за лице приготвени во кујната!
Кожата на лицето треба повремено добро да се исчисти и да се освежи. Козметичката индустрија нуди цела палета маски, кремови за пилинг и слични производи кои често се скапи. Дали сте знаеле дека лицето можете да го исчистите и освежите со она што секој ден го имате при рака?
Пред да ставите маска на лицето треба темелно да го исчистите.
За спречување на мозолчиња, дамки и брчки, делотворни се маските од домат, краставица, кајсии, праски, моркови и банани.
Максата од краставица е ефикасна за нечиста кожа и за кожа со проширени пори. За истата цел може да си направите и лосион од сок од краставици.
Маска од тивка со неколку капки маслиново масло делува многу освежувачки.
Маска од белка изматена со неколку капки лимонов сок ги стега порите и го намалува лачењето на маснотија во случај на мрсна кожа или комбинирана.
На сувата кожа и годат маски од млечни производи (јогурт, павлака, путер) кои, заедно со јајце или само со белка од јајце ја негуваат, ја освежуваат и ја затегаат кожата.
Маската од кисела зелка особено е добра за мрсна кожа која извондредно ја матира и освежува.
Морковите се употребуваат во козметиката за чувствителна кожа, но со успех ја штитат и сувата и изиритирана кожа.
Направете си лосион со тоа што ќе измешате сок од еден портокал со 1/4 литар ружина водичка и многу малку алкохол разблажен со вода.