Марија – девојката која со своето хоби ги освои блогерките ширум светот!
Се викам Марија Палоска,имам 19 години. Студент сум на економскиот факултет во Скопје(департман:маркетинг). Модните илустрации се моето омилено хоби. Често ме прашуваат зошто хоби а не професија и секогаш велам дека она што ни e хоби не одмара од обврските и не прави да се чувствуваме посреќни и поисполнети. Уште од мало девојче обожавав да ги цртам креациите од на ТВ и да цртам мои илустрации, нешто по мое. Инстаграм профилот го направив кога бев 4та средно(сега ќе сум втора год. на факултет), и секогаш се трудам илустрациите да се оригинални, во сопствен стил и нацртани со внимание и голема љубов. Сметам дека она што не прави да напредуваме е секогаш на наш уникатен начин да се изразуваме. Се трудам да се подобрувам и да вежбам и да усовршам некои работи. Критиките се секогаш добредојдени и треба да ги прифаќаме онака како што ги прифаќаме пофалбите. Би сакала да ја спомнам поддршката на Елена Лука, кои како еден прекрасен тим се моја инспирација и мотивација. Исто така започнав да правам персоналозирани илустрации како еден посебен поклон за родендени или други прилики, за прв пат во нашата земја нешто такво поврзано со модните илустрации. А целта на персонализираните илустрации е секоја девојка да се чувствува посебно и убава на свој начин.