Мажите брутално искрено кажаа зошто и како се вљубуваат!
Лесно е да се заљубите. Тешко е да се “задржи” љубовта. Мажите кои главно мислат за овие работи со “расеан” дел од мозокот, се заљубуваат буквално исто како и жените. Малкумина се оние мажи кои отворено зборуваат за своите чувства, а камоли да кажат што ги привлекло кон жената. Меѓутоа, кога заљубувањето преминува во љубов, мажите стануваат уште посигурни во себе и во врска, а нивната потреба да зборуваат за нивните емоции речиси целосно исчезнува. Бевме заинтересирани за причините зошто (типичен) маж се вљубува и сака некоја жена, па ги притиснавме (само фигуративно!) да ни одговорат. Еве ги нивните искрени одговори…
Бидејќи таа носеше високи потпетици. Стоеше гордо и исправено на нив. Кога и ги погледнав малите стопала во тие чудно високи чевли (кои сигурно ги носи со болка) ја кренав главата и на нејзиното лице видов насмевка. Насмеана и со болка во стапалата таа гордо стоеше до мене, паднав на тоа признавам. Тогаш се вљубив во неа. Еден ден се врати уморна од рабора, ги соблече високите потпетици и со уморните стопала влезе право во кујната да подготви ручек за двајцата, а јас? Јас тогаш сфатив дека љубовта нејзина е нешто без кое не сакам да живеам.
Таа ми се насмевна. Има голема, широка и искрена насмевка со бисерни заби. Уште првиот момент кога ми се насмевна знаев дека животот ќе ми биде полесен и поубав ако таа насмевка ја гледам секој ден.
Она е попаметна од мене. Додека бев сингл пријателите ми зборуваа дека премногу пребирам и дека тоа што го барам не може да постои. Ми велеа дека барам девојка со очила со дебели стакла, со голем диоптер која ќе работи како луда. До некаде можеби беа во право. Не знам, но сакам жени кои умеат да заработат. Мојата жена во која сум од првиот момент заљубен работи како фотограф. Случајно на запознав додека фотографираше некој настан. Кога видов колку посветено си ја работи работата, како и светкаат очите додека фотографира знаев дека таа е вистинската за мене. И пријдов. Умна, способна и вљубена во животот може да биде само паметната жена.
Сексот беше незаборавен. Искрено не се вљубуваме во жени кои прават чуда во креветот. Не ни е важно тоа на нас мажите за на долги патеки. Се вљубив во неа поради тоа што направи да се чувствувам како господар во креветот, искрено ме гушкаше, ми се воодушевуваше и ме гледаше со очи полни со искри. Ја чувствував дека ужива. Посилен од мене во тој момент немаше, затоа и го предадов и срцето.