Мадеротерапија, масажа со која во потполност ќе го редуцирате целулитот и ќе го обликувате вашето тело!
Најново во Афродита-С, Мадеротерапија, масажа со која во потполност ќе го редуцирате целулитот и ќе го обликувате вашето тело. Енергична масажа – до комплетен детокс и тонизација. Мадеротерапија е терапија која потекнува од Колумбија и која се заснова на користење на анатомски изградени елементи од дрво кои ја прават терапијата 100% природна без алергиски реакции на кожата. Оваа терапија претставува алтернатива на регуларна длабинска масажа за клиенти со диспропорционални, локализирани масни наслаги и целулит.
Предноста на користење на специјално обликувани дрвени елементи овозможува интензивен притисок на фиброзниот целулит и отстранување на масни наслаги заедно со останатите токсини.
Техниката на оваа масажа подразбира серија движења кои се повторуваат користејќи повеќе различни дрвени елементи. Применувајќи ги овие елементи на мускулите, масните наслаги и целулитот, го стимулираме лимфниот систем на телото и со тоа го ослободуваме од акумулирани токсини. Ова ослободување од токсини го поттикнува метаболизмот да ги согорува мастите. Исто така, се разбиваат џеповите од упорниот целулит, се намалуваат отоците на кожата и се овозможува израмнување на ‘’кората од портокал’’.
100 % Природна
100 % Неинвазивна
100 % Нема контраиндикации
Мадеротерапијата се препорачува за:
Опуштање на телото и умот со стимулација на лимфниот систем.
Елиминација на токсини.
Забрзување на метаболизмот.
Разбивање на целулит.
Согорување на масти.
Тонус и затегнување.
Редукција на обем.
Со масажа допираме длабоко, внатрешно во кожата со што се одвнатре се активираат келиите.
Поради ова терапијата е посебно ефективна за:
Редукција на струк.
Елиминација на седечкиот дел на колковите.
Дефиниција на нозе.
Затегнување на бутови и нозе.
Намалување на обем на стомакот.
Во комбинација со апаратите за тело даваат двојно поголеми резултати и во однос на слабеењето.