Лути пиперки – отров или лек?
Ако сакате да јадете лути пиперки, еве ја добрата вест за вас. Нови истражувања покажале дека лутите пиперки можат да го продолжат животот и да ја намалат смртноста од срцеви заболувања или рак. Потребно е пошироко и поголемо истражување за да се потврдат овие прелиминарни наоди, но сите индикации се дека здравствените придобивки се повеќекратни. Благодарение на соединенијата што ги содржат, лутите пиперки можат да го подобрат здравјето на срцето и да ги намалат шансите за карцином. Претходните истражувања откриле дека чили пиперките имаат антиинфламаторно, антиоксидантно и антиканцерогено својство и покрај тоа го регулираат нивото на шеќер во крвта. Нивните здравствени придобивки се припишуваат на капсаицинот, растително соединение одговорно за нивниот карактеристичен вкус. Еве неколку причини зошто треба да ги јадете:
Го зајакнуваат имунитетот. Штитат од слободни радикали. Го намалуваат нивото на лош холестерол. Го забрзуваат метаблизмот. Го намалува воспалението на цревата.