Лекови од кујната кои ја спречуваат тромбозата!
Не чекајте болеста да се прошири. Почнете навреме да користите некои од феноменалните природни препарати.
Јадете грејпфрут! Ова овошје е одличен лек за разредување на крвта и за спречување на создавањето на крвни згрутчувања. Помага и кај ослабена циркулација. Доволно е да се изеде еден помал грејпфрут секој ден.
Рузмарин – ја подобрува циркулацијата, па со самото тоа е добар природен лек за варикозни вени. Чајот се прави така што две лажичиња суви листови рузмарин се прелеваат со шолја врела вода. Пијалакот се пие по желба засладен со мед, наутро и навечер.
Лук – ја разреднува крвта. Може да се користи свеж и варен. Доволно е да изедете две-три чешлиња дневно.
Црвена лута пиперка – еден од најдобрите природни разредувачи на крвта. Ја спречува тромбозата, односно создавањето крвни грутки, а дејствува и како природен аналгетик и може да ја ублажи болката доколку се нанесува на заболеното место.