ЖивотУбави совети
Која храна би требало да ја одбегнувате доколку имате проблем со тироидната жлезда?
Штитната жлезда е важен дел од нашиот организам бидејќи влијае на работата на сите органи во нашето тело.
Најчестите заболувања поврзани со оваа жлезда се хипертироизата, кога жлездата лачи преголемо количество на хормони и хипотироиза, кога излачувањето на тироидните хормони и намалено.
Следнава листа на храна може да направи проблем, бидејќи уште повеќе го стимулира или намалува излачувањето на тироидните хормони.
Во случај на хипертиреоза избегнувајте да јадете:
- Храната богата со јод како алги и морски плодови
- Полномасно млеко
- Рафинирано брашно
- Црвено месо
- Млечни производи
Доколку пак имате проблем со хипотиреоза одбегнете да консумирате:
- Храна кој оневозможува апсорбција на јод (просо, сенф, спанаќ, карфиол, брокули)
- Соја и соини производи
- Храна која содржи високо ниво на глутен
- Брза храна
- Праски и круши